Фјури и Вајлдер ќе имаат реванш на стадион во Лондон!?

Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер имаа суперинтересна борба која заврши без победник, а веќе се најавува реваншот, за кој се вели дека може да се одржи на стадион.

Борбата меѓу Британецот и Американецот привлече голем интерес. Се одржа во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, а наредна дестинација се вели дека ќе биде Велика Британија, поточно Англија.

Планирано е реваншот да се одржи во Лондон и тоа на стадион, а можни локации се „Вембли“ и „Емирејтс“.

Мечот кој го реши судиска одлука заврши со резултат 113-113 по бројот на поени.