• Горан Упале

Тајсон Фјури ја освои светската шампионска титула во ВБЦ категоријата, откако со технички нокаут во седмата рунда славеше над бранителот на титулата, Деонтеј Вајлдер.
<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Вајлдер го „фрли“ пешкирот, „Кралот“ Фјури се врати на боксерскиот трон
Британецот доминираше во текот на целата борба, во третата и петтата рунда го испрати противникот на подот, а мечот беше прекинат во седмата рунда, откако тимот на Вајлдер се реши да го фрли пешкирот во рингот, што значеше победа на Фјури.
Покрај тоа што двајцата боксери заработија голема сума на пари, нивниот денешен дуел го собори рекордот на легендарната борба од пред 23 години меѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд.
<<< ПОВРЗАНО - Фјури и Вајлдер ќе се збогатат без разлика на исходот од мечот
Незаборавната борба од 1997 година, кога Тајсон го касна Холифилд за увото и беше дисквалификуван, имаше заработка од 16,8 милиони долари од продажбата на билетите, а тој рекорд денес беше срушен.
Во истата арена во Лос Анџелес, Фјури и Вајлдер се бореа пред 15.816 гледачи, а заработката од влезниците изнесуваше нешто под 17 милиони долари, односно 16,92, што е нов боксерски рекорд.