Фјури и Усик постигнаа договор, „Вембли“ можна опција за мечот на годината

Светските шампиони во бокс во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик се договорија да се борат во првиот дел од 2023 година. Фјури и Усик ги имаат сите четири шампионски појаси во тешка категорија и ќе се борат за титулата неприкосновен шампион. Фјури е шампион на ВБЦ, а Усик ги обедини титулите во ВБО, ВБА и ИБФ.

Уште не е познато кога и каде ќе се одржи борбата, објави Скај.

„Постигна е договор. Со Фјури и Усик си имаме работа со возрасни луѓе, без многу глупости. Усик ми е добар пријател, тој е многу интелигентен, а Тајсон е Супермен и како спортист и интелектуално. Значи, тие сакаат борба, па можеме да ја оствариме. Јас сум убеден во тоа. Тие се договорија да бидат следниот противник еден на друг без никакви привремени борби“; изјави еден од промоторите на Фјури, Боб Арум.

Борбата треба да се одржи во Велика Британија, но има и профитабилни понуди од Блискиот Исток.

„Сега е прашање на датумот и местото на борбата. Но, борбата дефинитивно ќе се одржи во првите четири месеци од следната година. Гледаме понуди од Блискиот Исток, а можност е и „Вембли“ со 95.000 луѓе. Боксерите имаат релативно кратки кариери и парите се важни. Затоа, ако парите што ни се предложени се реални, мора да се има предвид борбата да биде одржана што е можно поскоро“, додаде Арум.

Фјури рече дека неговата „крвта врие“ од помислата да се бори пред 95.000 луѓе на Вембли и дека тоа би било лудо и прекрасно.