Фјури и Усик ќе ги вкрстат ракавиците веќе во март годинава

Борбата за обединување на светските титули во бокс, во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик би можела да се одржи во март, изјави еден од промоторите на британскиот боксер Френк Ворен, пренесуваат британските медиуми.

Фјури е светски шампион во категоријата ВБЦ, додека Усик е сопственик на титулите ВБО, ВБА и ИБФ. Ворен изјави дека нацрт-договорот бил испратен до тимот на украинскиот боксер.

„Направивме што можевме. Сега треба да се реши многу, многу брзо, бидејќи ни истекува времето“, изјави Ворен.

Британските медиуми претходно изјавија дека борбата би можела да се одржи на четврти март во Лондон или во некоја земја од Блискиот Исток. 

„Ќе се борат таму каде што нудат најмногу пари. Тоа е јасно. Би сакал да биде на „Вембли“, но тоа не значи ништо. Знам дека многумина би сакале борбата да биде во Лондон. Мухамед Али и Џорџ Форман се бореа во Заир, а потоа и во Манила. Големи борби имаше и на Јамајка. Кој ќе понуди најмногу, таму ќе одиме“, изјави Ворен.

Тој повтори дека би сакал борбата да биде во март и да нема нови одложувања.