Фјури и Усик добија датум за борба, домаќин ќе биде Саудиска Арабија

Професионалниот бокс врти нова страница и на почетокот од 2023 година следува голема борба. Тајсон Фјури и Александар Усик ќе соочат еден наспроти друг на 29 април во Саудиска Арабија во за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Фјури е сопственик на титулите во WBA, IBF, WBO и IBO и ќе се соочи со Усик кој во моментов е сопственик на појасот во верзијата на Светскиот боксерски совет (WBC).

Британецот во досегашниот тек од кариерата има 33 победи и само еден нерешен резултат, додека неговиот противник Усик на 20 настапи има исто толку триумфи, од кои 12 со нокаут. Голема е веројатноста дека првпат еден од нив двајца ќе биде поразен по борбата во април.

Бубмејкерите се неодлучни околу фаворитската улога на борбата во април годинава.