ВИДЕО: Фјури го „уништи“ Чисора и остана светски шампион во бокс!

Тајсон Фјури останува светски шампион во бокс! На „Тотенхем Стадиум“ во Лондон, пред 60.000 гледачи, на само пет степени целзиусови, Фјури го „уништи“ и победи Дерек Чисора и со тоа по третпат го одбрани појасот на светскиот шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата.

Британецот победи со технички нокаут кога на десет секунди до крајот на десеттата рунда судијата Виктор Лахлин ја прекина борбата.

Чисора се трудеше и веруваше дека може да приреди изненадување, но ниту во третиот меч не успеа да го совлада големиот шампион, кој доминираше во поголемиот дел од борбата, зададе поконкретни и поопасни удари. На крај го принуди судијата да ја прекине борбата, бидејќи Чисора добиваше огромен број на удари.

„Благодареност до судијата. Борецот никогаш нема да каже дека сака да се откаже“, по борбата рече Чисороа.

„Џипски Кинг“ по мечот во свој стил го прегрна ривалот и го бакна во глава, а по борбата му честиташе на храброста и го скандираше неговото име.