ВИДЕО: Фјури го претепа Шварц и шампионски запеа во Лас Вегас!

„Циганскиот крал“ како што се нарекува Тајсон Фјури се врати во рингот со спектакуларна борба и победа. Ноќва во Лас Вегас, Фјури извојува триумф против германскиот боксер Том Шварц со технички нокаут во втората рунда.

Прогнозите на бубмејкерите се потврдија и Фјури демонстрираше сила, добра подготвеност и со фајтерски удари го принуди судијата по вториот нокдаун да го прекине мечот.

Ова е 28-та победа во кариерата на Фјури, а прв пораз за Шварц.

По триумфот како и секогаш Фјури го грабна микрофонот и запеа:

Многу веројатно следна борба за Фјури е реваншот со Американецот Вајлдер.