Фјури го предизвика Џошуа: Ако издржиш три рунди против мене, ќе ја предадам борбата!

Боксерскиот меч Тајсон Фјури – Ентони Џошуа е во фаза на преговори, а „циганскиот крал“, како што го нарекуваат Фјури деновиве е расположен и оптимист при прогнозата. 

„Ентони е голем бескорисен клошар и човек кој не е вистински борец, туку бодибилдер и голем грд серко. Ајде да ја договориме борбата. Ќе ти го скршам лицето и ништо не можеш да направиш за да ме спречиш во тоа. Ако издржиш три рунди против мене, ќе ја предадам борбата“ рече Тајсон Фјури.

Проблемот со договарањето на борбата е поради локацијата. Двајцата Британци како идеално место за спектаклот го сметаат легендарниот „Вембли“.