Фјури го откри датумот за реваншот против Вајлдер

Британецот Тајсон Фјури важи за еден од најдобрите боксери во тешка категорија на денешницата. 

Малкумина имаат шанса да влезат во ринг со него, но ниту еден од оние кои успеале, не излегле со подигнати раце. Така беше и на првиот судир со Американецот Деонтеј Вајлдер кој важи за специјалист за нокаути.

Фановите имаа можност да гледаат возбудлива борба која на крај немаше победник, по конечната одлука на судиите.

Сега Фјури потврди дека реваншот е закажан за 22 февруари 2020 година.