Фјури е голем човек: Донира седум милиони фунти од мечот со Вајлдер

Британскиот боксер Тајсон Фјури го исполни ветеното и ја донира целата заработка од супер-мечот против Дионтеј Вајлдер.

Борбата се одржа на 1 декември, а Фјури пред истата вети дека ќе ги даде сите заработени средства за изградба на социјални домови низ Велика Британија. Сумата која Англичанецот ја донира изнесува околу седум милиони фунти.

Од самата борба Фјури доби два милиони фунти, додека останатите средства се од ТВ-правата. Најавено е дека двајцата повторно ќе влезат во ринг и ќе имаат реванш, затоа што нивниот прв меч заврши нерешено.