• Горан Упале

Со синоќешната победа против Пулев, британскиот боксер Ентони Џошуа ги одбрани титулите во тешка категорија, во верзиите ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО и ја продолжи серијата без пораз во рингот.
Сега, пред големиот шампион е нов предизвик, односно борба со контроверзниот боксер Тајсон Фјури, кој синоќа веднаш по мечот во Лондон се огласи со порака. Популарниот „Џипси Кинг“ на социјалните мрежи објави видео, во кое вели дека со нетрпение ја чека неговата борба со Џошуа.
„Моментално Ентони Џошуа се по*ра по себе. Кога го прашаа избега да одговори дали сака борба со мене. Јас сакам таква борба, сакам тој да биде мојот следен противник. Ќе го нокаутирам во три рунди. Тој е пропалица и чекам само да го нокаутирам“, рече Фјури.
Џошуа доминираше во борбата со Пулев и на крај го нокаутира во деветтата рунда.