Фјури: „Џипси кинг“ се врати, навивачите нека одлучат кој беше подобар

Во борба за незаборав, Тајсон Фјури и Дионеј Вајлдер избоксуваа 12 рунди, по кои судиската одлука беше дека нема победник и дека јавноста ќе остане да нагодува кој требаше да се радува.

Повратникот Тајсон Фјури смета дека требаше да победи на поени, откако покажа ментална и физичка сила и се издигна по двата нокдауна. 

„Двапати бев на подот, но мислам дека требаше ја добијам борбата. Бог да ја благослови Америка и Деонтај, кој е вистински боксер. Не заборавајте, јас боксував во туѓа земја. „Џипси кинг“ се врати. Како се подигнав по оној нокаут во 12. рунда? Секогаш црпам сила од Исус и немаше шанси да останам на под. Навивачите нека одлучат кој требаше да се радува“, истакна Британецот.

Светот на боксот сега нестрливо чека датум за реванш, а потоа и пресметка на победникот со Ентони Џошуа, кој делува неприкосновено и веќе во своја сопственост ги поседува појасите од скоро сите федерации.