• Мартин Танасковски
Тајсон Фјури по голема борба успеа да слави над Ото Валин и да ја одбрани шампионската титула. Иако се здоби со многу повреди, Британецот славел уште вечерта, а откри како го минал времето.
31-годишниот „цигански крал“ доби удари во главата од Швеѓанецот, но и покрај тоа остана на нозе и победи. По мечот целата глава му беше раскрвавена, по што мораше да оди во болница на шиење.
Добил 40 конци на главата, но и тоа не го спречило да слави. Заминал дома, па за кратко време отишол во казино каде се релаксирал со апарати и пиво. Боксерот откри дека заработил 5.000 фунти, па поради тоа ќе пие уште пиво.
Боксерот во кариерата има вкупно 30 борби, а 29 од нив се победи. Само една заврши нерешено, по судиска одлука, кога во рингот беше со Вајлдер.