Фјури: Борбата со Вајалдер ќе биде меч на векот

Британецот Тајсон Фјури, кој е актуелен светски шампион во тешка категорија, продолжува да лобира за меч против светскиот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајалдер.

„Нашата борба ќе ја крене тешката категорија. Ова ќе биде најголемата боксерска средба на векот. До сега немало двајца непоразени гиганти еден против друг во рингот. Едниот од Велика Британија, а другиот од САД. Ние сме убави, млади и не сме го почувствувале поразот“.

Сепак, Фјури прво треба да го одработи реваншот со Владимир Кличко, од кого ги зеде титулите.