Фјури беснееше, Вајлдер ладнокрвно го игнорираше: „Моето враќање е најголемо во историјата“ (ВИДЕО)

Откако официјалната прес-конференција помина во тотален хаос и за малку беше избегнат поголем инцидент, Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер лудуваа и на синоќешното мерење, во пресрет на историската борба во Лас Вегас. 

Поранешниот шампион на ВБА, популарниот „Крал на циганите“, откако му беше одземен појасот, заради одбивање на реванш со Кличко и користење кокаин, по три години повторно ќе се најде на рингот, а според него ова ќе најголемото боксерско враќање на сите времиња. 

„Не паметам поголемо враќање во историјата. Не можам да се сетам дали некој кои имал 177 килограми и многу проблеми за така краток период и успеа да му се врати во рингот. Заради тоа моето враќање засекогаш ќе биде запаметено во овој спорт и тоа како најголемо“, рече Британецот. 

Во продолжение Фјури повторно испрати провокации кон Вајлдер, кој на мерењето се појави со маска на своето лице и ладнокрвно го игнорираше секој збор кој излегуваше од устата на својот противник. Долгоочекуваната борба на програмата ќе се одржи в недела наутро со почеток од 03:00 часот.