• Зоран Мишевски
Финскиот боксерски двометраш Роберт Хелениус на домашен терен во Финска за само 49 секунди го нокаутира Константин Ерич удирајќи со десната рака во телото. Ова е одбрана на титулата за 32-годишниот двомтераш. Хелениус е во голема форма и во својата категорија е многу тешко да се совлада.
Многу познати имиња како што се Ентони Џошуа, Александар Устинов, Мариуш Вах, Мануел Чар и Одланиер Солис морале да го признаат поразот против „џинот“ од Финска.