• Зоран Мишевски

Следната сабота Охрид ќе биде домаќин на финалето на боксерскиот Опен Балкан Куп.
Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ ја потврди организацијата и вети спектакл под отворено небо.
„Охрид ќе биде домаќин на финалето на Опен Балкан купот и Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“, под покровителство на Боксерски савез Србије и Општина Охрид“, информираат од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид.
Организаторите додаваат дека финалето ќе се одржи на атрактивна локација, во центарот на градот, покрај самото езеро.