• Зоран Мишевски

На вонредно собрание на Националната боксерска федерација, Фатон Салиу е избран за нов претседател.
Од 38 делегати, 33 присуствувале на собранието и едногласно го избрале за претседател.
„Досегашната улога на претседателот Салиху беше впечатлива и разновидна. Пред да стане претседател на Националната боксерска федерација Салиху имаше важни улоги во спортската заедница. Тој беше председател на БК Чаир, каде што активно работеше на развојот на боксот и дадената поддршката кон младите спортисти“, велат од федерацијата.
Во соопштението од федерацијата се наведува дека досегашниот претседател Примислав Димовски си поднел оставка, по што федерацијата организирала вонредно Собрание.
Притоа се нагласува дека досегашниот претседател на Националната боксерска федерација, Примислав Димоски, успешно го водел процесот за развој на боксот во Македонија.