Фановите на Холифилд загрижени по снимката од тренингот: „Тајсон ќе го прегази“ (ВИДЕО)

Борбите на Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд се паметат како  најдобри и најконтроверзни во историјата на боксот. Секако најпознатиот момент од нивните дуели беше кога Тајсон за време на борбата откина дел од увото на Холифилд.

Во текот на изминатиот месец, се зборуваше за нова борба на овие два боксери. Тајсон силно се подготвува да се бори за добротворни цели и се врати во фантастична форма, но сè уште не се знае кој ќе биде неговиот противник.

Навивачите веруваат дека доколку има борба помеѓу Тајсон и Холифилд, „челичниот Мајк“ лесно ќе победи.

Ова тврдење е засновано и на снимката од тренингот на Ивандер Холифилд, која покажува дека годините оставиле трага, барем во однос на брзината на неговите движења и движењата во рингот. Тајсон, од друга страна, скоро никогаш не бил вака подготвен, а неговата брзина е сè уште неверојатна.