Европскиот првак Бобан Илиоски е најдобар спортист во изборот на Град Скопје

Кик-боксерот Бобан Илиоски е прогласен за најуспешен спортист за 2024 година во изборот на Град Скопје, а свечената церемонија се одржа во големата сала општинските простории. 

Илиоски вторпат во кариерата ја добива оваа награда, со што потврди дека е еден од најдобрите спортисти од нашата земја. На второто место во изборот беше атлетичарот Дарио Ивановски, додека третото место му припадна на шахистот Тони Лазов. 

Бобан Илиоски годинава се закити со златниот медал на Европското првенство кое се одржа во Грција, со што ја одбрани титулата освоена пред две години. Зад првите тројца наградени спортисти следуваат Милијана Рељиќ (теквондо), Михаела Мишовска (карате), Андреас Трајковски (атлетика), Петар Заборски (карате), Стефан Михаловски (кик-бокс), Симона Заборска (карате) и Петар Спасеновски (карате). 

Најуспешен тренер за изминатата година е Дејан Митровски од кик-бокс клубот Шампион, доека во категоријата на лица со попреченост, наградата замина кај Стоилко Стоицев, планинарски спорт за искачување врвови над 6.000 метри.

На добитниците им беше доделена и парична награда со вкупен фонд од 150.000 денари, како и признание за нивните достигнувања и успешни резултати во текот на годината.