Етеми и Лама ги дознаа противниците на стартот на СП во бокс во Белград

Македонските боксери денес ги добија противниците на Светското првенство во бокс кое синоќа беше отворено во Белград. Јасин Лама ќе дебитира Фабио Росели на 27 октомври, додека Арсим Етеми во првото коло е слободен, а во второто силите ќе ги одмери со Андреј Кирјаков од Молдавија на 30 октомври.

Светско првенство во бокс:
60 кг. Јасин Лама – Фабио Росели (Сејшели) - 27 октомври
80 кг. Арсим Етеми – во првото коло е слободен
Арсим Етеми – Андреј Киријаков (Молдавија)-  30 октомври

Најголемиот боксерски настан годинава започна денес и ќе трае до 9 ноември. На Светското првенство ќе настапат 650 боксери во 13 категории од 105 земји.