• Александар Ковачев

Британскиот боксер Ентони Џошуа шампионската титула во ИБФ категоријата ќе ја брани на крајот од месец ноември, во Манчестер. Сè уште не е познато името на неговиот противник, кое ќе биде соопштено до крајот на овој месец.
MANCHESTER! @anthonyfjoshua's next world title defence is booked in for November 26: https://t.co/IwJ8iaRNSu pic.twitter.com/Z6w5eNFhSY
— Sky Sports Boxing (@SkySportsBoxing) September 2, 2016
„Треба малку време за да се биде и официјално. Сакаме тоа да биде спектакуларна претстава и потребно е време за некои работи да се направат на вистинскиот начин“, изјави Џошуа.
Борбата за одбрана на шампионскиот појас ќе се одржи на 26 ноември, во Манчестер. Џошуа, кој е и освојувач на златниот олимписки медал од Олимписките игри во Лондон е непоразен веќе 17 борби, во кои забележа исто толку победи, сите со нокаут.