Ентони Џошуа влегува во ринг со „Големото бебе“ во Њујорк

Еден од најдобрите боксери кој доминира во тешка категорија, Ентони Џошуа ја договори следната борба и во рингот ќе влезе со американскиот боксер Џарел Милер, или повеќе познат како „Големото бебе“.

Борбата ќе се одржи на 1 јуни во „Медисон Свкер Гарден“ во Њујорк. За Џошуа тоа ќе биде прва борба во САД, а тој цели на триумф, со кој сака да дојде рамо до рамо со најголемите светски имиња кои успеале да победат во една од најпознатите сали „зад барата“.

Милер има победи над поранешни шампиони во боксот, како Џералд Вашингтон, Мариус Вах, Томаш Адамек... Зад своето име има 23 победи, од кои 20 се со нокаут.

Џошуа сакаше да влезе во рингот со Дионтеј Вајлдер, но откако неговиот колега реши дека ќе има нов меч со Тајсон Фјури, Британецот мораше да бара нов партнер.