Ентони Џошуа: Мојот тренер е како Сер Алекс Фергусон!

Светскиот бокс шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа по одбраната на трофејот против Кубрат Пулев даде една интересна изјава за медиумите. 

Одличниот боксер долго време соработува со Роб МекКракен кој е главен тренер во неговиот стручен штаб, а Џошуа го спореди со еден легендарен тренер. 

„За мене МекКракен е Сер Алекс Фергусон. Голем менаџер, уште поголем тренер, човек со огромно искуство. Заедно со него го покорив целиот свет“, кратко изјави боксерот. 

Џошуа сега е во посед на повеќе титули во конкуренциите ИБФ, ВБА и ВБО, па затоа заслужено се смета за еден од најдобрите боксери на денешницата.