• Редакција Gol.mk
Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа, ја напушти болницата во Лагос, на последниот ден од 2025 година. Боксерот беше повреден во сообраќајна несреќа, но брзо закрепна.
Поранешниот двократен светски шампион и олимписки првак од 2012 година беше примен во болница со полесни повреди по несреќата во која во понеделникот загинаа неговите пријатели Сина Гами и Латиф Ајоделе.
Околностите на несреќата сè уште се истражуваат.