ВИДЕО: Ентони Џошуа го одбрани тронот, публиката незадоволна од судиската одлука

Ентони Џошуа ја одбрани титулата светски шампион во бокс, откако го совлада Камерунецот, Карлос Такам, кој влета во рингот на местото на Бугаринот Пулев, кој се повреди на неколку недели пред борбата. 

Судијата ја прекина борбата на Џошуа и Такам во десеттата рунда, иако публиката свиркеше, сметајќи дека Такам може да продолжи. Светскиот првак доминираше во рингот во Кардиф, ги скина двете аркади на противникот и заслужи да се радува и без чудната одлука на судиите.

Ентони Џошуа поставува нови стандарди кои во светот на боксот можат да останат со години ненадминати.