• Зоран Мишевски

Европската федерација во бокс, ЕУБЦ организираше настан со наслов „Shadowboxing challenge“, на кој сите боксери од Европа испраќаа свои видеа од тренинг објавени на социјалните мрежи.
Нашиот боксер Енис Алиу од клубот Алексо Огненовски од Охрид, во конкуренција на боксери до 14 години освои бронзен медал. Енис Алиу има 14 години, со успех се натпреварува во младинската лига на Македонија.
До бронзата дојде со ова видео објавено на Инстаграм.
Одлуката на жирито се темелеше на техниката на боксерите, одбранбена и напаѓачка, па затоа Енис Алиу освои бронзен медал.