Енис Алиу и Беќир Лимани поразени на стартот на Европското кадетско првенство во бокс

Македонија има четворица боксери на Европското првенство за кадети во Софија кое започна вчера и ќе трае се до трети декември.

Енис Алиу загуби од изреалскиот боксер Халед Бадир 0-5, а Беќир Лимани е поразен од Чехот Филип Јилек со 0-5.

Европско првенство за кадети:
-46 кг Петар Арсовски – Николас Павлик (Полска) четвртфинале 
-54 кг Енис Алиу – Халед Бадир (Израел) осминафинале 0-5
-57 кг Беќир Лимани – Филип Јилек (Чешка) 1/8 финале 0-5
-60 кг Ќемал Фетаху – Рентас Саровс (Латвија) 

Денес настапуваат Петар Арсовски и Ќемал Фетаху. На Арсовски му треба победа против Полјакот Николас Павлик за да го освои најмалку бронзениот медал на Европскиот шампионат, а Фетаху стартува од осминафиналето.