Едно сребро и две бронзи за македонските боксери на „Златна ракавица“

Синоќа во Сомбор заврши боксерскиот турнир „Златна ракавица“, на кој учествуваа најдобрите боксери во јуниорска конкуренција.

Нашиот Серген Демиров, член на штипска Баргала, најнапред бил прогласен за победник во борбата против Немања Поповиќ, но судијата од Црна Гора ја преиначил и нашиот Демиров.

Наместо златен медал, Серген мораше да се задоволи со сребро. Бронзени медали на турнирот освоија Бобан Мијалев и Хурнет Јонузов.

Следен во календарот за нашите боксери е турнирот во Сараево, кој ќе се одржи на 15 декември во чест на познатиот босански боксер Хакија Туралиќ.