• Зоран Мишевски

Најдобриот боксер на сите времиња Мухамед Али почина на денешен ден минатата година на 74-годишна возраст.Трикратниот светски шампион во тешка категорија, почина во болница во Феникс, во која беше примен поради проблеми со дишните патишта.
Роден на 17 јануари 1942 година како Касиус Маркелус Клеј - Јуниор, во 1964 година премина во Исламот и го смени името во Мухамед Али.
Али беше трикратен светски првак во тешка категорија, а ќе биде запаметен и по борбата за верските и правата на црнците, како и одбивањето да оди во војната во Виетнам. Во својата професионална кариера забележа 56 победи (37 со нокаут) и претрпе пет порази.