Еден удар и сè беше готово: Германец со еден од најбрзите нокаути во боксот (ВИДЕО)

Германскиот боксер Виктор Јурк приреди брутален нокаут и стигна до една од најбрзите победи во боксот, откако со само еден удар го совлада Едвин Кастиљо.

Борбата во Манхајм траеше само неколку секунди. Јурк веднаш тргна офанзивно и со силно лево кроше директно во вилицата го испрати противникот на подот. Кастиљо остана неподвижно да лежи, по што судијата експресно ја прекина борбата.

По мечот се појавија и дилеми дали Колумбиецот сакал спортски да ги допре ракавиците пред почетокот на размената, бидејќи во моментот на ударот неговите раце беа спуштени.

За 26 годишниот Јурк ова беше 14 победа во кариерата, а дури 12 ги има остварено со нокаут.