• Горан Упале
Денес уште еден инцидент се случи во Рио. Бразилската полиција потврди дека боксерот од Намибија, Јонас Јуниј е под истрага за извршен сексуален напад врз тамошна девојка.
22-годишниот знаменосец на својата земја, кој се натпреварува во полусредна категорија денес е уапсен од страна на полицијата во Олимпиското село. Неговиот прв настап на овие Игри требаше да се одржи в четврток, но истиот останува под знак прашалник.
Бразилските медиуми цитираат дека Амбасадата на Намибија сè уште се нема огласено за овој случај, а комисијата на ЛОИ ги чека деталите од извештајот на полицијата па потоа ќе одлучи дали ќе го суспендира еден од најдобрите боксери на овој собир.