Џошуа во самоизолација откако имал контакт со заразениот принц Чарлс

Еден од најдобрите боксери на денешницата Ентони Џошуа заврши во самоизолација, поради претпазливост од ширењето со коронавирусот.

Светскиот шампион со тешко срце ја доби веста дека британскиот принц Чарлс е позитивен на ковид-19 и се решил да се изолира во следните 14 дена. Причината за тоа е поради фактот што пред две седмици бил дел во друштво со кралското семејство и имал средба со британскиот принц.

„Џошуа е дома и ги следи препораките на британските власти. Се чувствува добро и им посакува брзо заздравување на сите заразени од коронавирусот“, соопштуваат од тимот на боксерот.

Британскиот боксер на рингот требаше да му се врати на 20 јуни, за кога е закажана борбата во Лондон против Пулев, но многу веројатно истата ќе биде презакажана за друг термин.