Џошуа: Тајсон Фјури, го виде ли ова? Ти си следниот...

Светот се одушевува на комплетноста на Ентони Џошуа, кој го победи 14 години повозрасниот Владимир Кличко во мечот за титула светски првак во ИБФ верзијата и веднаш го повика Тајсон Фјури како следен во рингот.

„Тајсон Фјури, каде си? Дојди, ти си следниот…19-0 во победи, го виде ли ова вечерва. Да го сопреш Владимир Кличко е неверојатна работа. Тајсон, сега ти си на ред“, изјави старо-новиот светски првак од рингот во Лондон.

Фјури пред неколку недели изјави дека е подготвен да се врати во рингот и покрај проблемите и долгата пауза. Британците навиваат за дуел на двајца боксери од Островот во меч за светска титула, но огромна дилема е дали до борба меѓу Џошуа и Фјури воопшто ќе дојде.