• Зоран Мишевски
Ентони Џошуа и Џозеф Паркер овој викенд во Кардиф ќе се борат за титулата во WBО верзијата. Оптимизмот на бранителот на шампионскиот појас, Британецот Џошуа секогаш била негова карактеристика, но овој пат беше умерен во најавата на борбата.
„Со нетрпение го очекувам предизвикот и мечот со Паркер, но сега јас сум ловец. Ќе бидам таму за да го одбранам мојот престол“, изјави Џошуа за британските медиуми.
Мечот меѓу Џошуа и противникот од Нов Зеланд е закажан за в сабота во Кардиф, а сите 80.000 билети на „Милениум стадиум“ се распродадени.