Џошуа спремен за Поветкин: Ќе боксувам, ќе се смеам и ќе победам!

Ентони Џошуа против Александар Поветкин на 22 септември на „Вембли“ ќе го понудат најголемиот боксерски спектакл во 2018 година. 

Во меч за одбраната на појасот во Меѓународната боксерска федерација (IBF), Меѓународната боксерска организација (IBO), Светската боксерска асоцијација (WBA) и Светската боксерска организација (WBO), Џошуа против себе ќе има еден од најголемите предизвици во кариерата. 

Британецот на средбата со новинарите во свој стил ја најави борбата:

„Ќе излезам во ринг и ќе се забавувам. Ќе боксувам, ќе се смеам и ќе победам. Максимално го анализирав противникот“ и спремен сум“, рече Џошуа. 

Александар Поветкин има 39 години и во досегашната кариера заапиша 34 победи од кои 24 со нокаут.