• Зоран Мишевски

Британскиот боксер и поранешен светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа на својот Твитер профил објави дека на први април ќе се бори со Американецот Џермејн Френклин во „О2 Арената“ во Лондон.
Џошуа се подготвува да се врати во рингот по двата последователни порази од Украинецот Александар Усик, во јули 2021 година во Лондон со едногласна одлука и во август минатата година во Саудиска Арабија. Поранешниот светски шампион, роден во Вотфорд, долго време преговараше со Тајсон Фјури, исто така Британец и актуелен шампион на ВБЦ, за организирање британска борба, но не успеаја да се договорат.
Фреклин моментално е 29-ти тешка категорија во светот според ранкингот, а неговиот последен настап беше на 11 ноември минатата година кога загуби од Дилан Вајт со мнозинска одлука.