• Иван Димовски
Британскиот тешкаш Ентони Џошура преку изјавите прифати да се бори со Тајсон Фјури. Оваа борба веќе некое време не можеше да биде договорена, меѓутоа работите се менуваат во 2025 година. Фјури по борбата со Олександр Усик јавно нагласи дека би се борел со Џошуа, а сега Британецот го прифати тоа, исто така јавно.
„Ќе видиме, мора да влеземе во рингот. Само Бог знае што ќе се случи, но што се однесува до мене, ќе ја видиме таа борба во иднина. Времето е најважно, тоа е ограничено. Кога ќе погледнам на 2024 година можев да направам повеќе, а во 2025 имам шанса да се поправам.
Подемите и падовите се случуваат. Мора да се навикнуваме на турбуленциите. Не смеам да престанам кога е тешко, мора да продолжам со боксот додека не стигнам до целта.“, изјави Џошуа.
Останува да видиме дали и кога ќе биде закажан потенцијалниот бокс меч на двајцата тешкаши. Јасно е дека поради резултатите во последните борби Џошуа и Фјури нема да водат битка за појаси, но и покрај тоа ќе привлечат огромно внимание.