Џошуа потежок за повеќе од пет килограми од Кличко

Британскиот боксер Ентони Џошуа е потежок повеќе од пет килограми од Владимир Кличко на денешното мерење пред утрешниот меч за светската титула во тешка категорија. Џошуа тежи 114 килограми, а Украинецот Кличко остана на своите 108,8 килограми. 

Џошуа, кој има 27 години, нема пораз во 18 мечеви во професионалниот бокс, а 14 години повозрасниот Кличко ќе се обиде да ја освои светската титула по третпат. Бубмејкерите му даваат блага предност на Кличко.  

Продадени се сите 90.000 билети на стадионот „Вембли“ во Лондон, а мечот треба да почне утре по 22.45 часот.