ВИДЕО: Џошуа понижен како никогаш досега, со нокаут загуби од Дубоа

Британскиот боксер Данијл Дубоа ја задржа титулата светски шампион во ИБФ категоријата. Пред 96.000 луѓе на стадионот „Вембли“ во Лондон, Дубоа со нокаут во петтата рунда го победи сонародникот и голем фаворит пред борбата Ентони Џошуа.

Дубоа ја контролираше целата борба и неколку пати го собори противникот, чија кариера британските медиуми ја прогласија практично за завршена по најубедливиот пораз во кариерата.

Ова беше негов четврти пораз во 32 борби, додека Дубоа има 22 победи (21 со нокаут) и два порази.

Инаку, Дубоа претходно во јуни ја освои привремената титула светски првак, победувајќи го хрватскиот боксер Филип Хрговиќ.