• Горан Упале

Британскиот боксер Ентони Џошуа не успеа да слави ниту на втората борба со Александар Усик, а по крајот на спектаклот беше јасно дека поразот тешко му падна Прво ги зеде појасите и ги фрли на земја, а потоа од Усик го зеде знамето на Украина, се завитка во него и го праша:
„Вештината победува во боксот, не си силен, како воопшто ме доби? Како?! Имам карактер и одлучност“.
Потоа го зеде микрофонот и им се обрати на присутните.
„Усик е пеколен борец, ајде да му дадеме аплауз. Тоа е емоција, ако ја знаете мојата приказна тогаш ја разбирате мојата страст. Јас не сум боксер аматер, бев потенцијал од млада возраст. отидов во затвор, платив кауција и почнав да тренирам. Овој човек ме доби вечерва, можев да бидам подобар, но заслужи аплауз. Усик е светски шампион.
Јас не сум борец од 12 рунди, погледајте ме, јас сум нова сорта на тешкаши. Мајк Тајсон, Сони Листон, Џек Демпси ми рекоа: „Ти не си како Роки Марчијано“. Се разбира дека не, јас не сум 90 килограми, имам 115. Тежок сум и силен сум. Тоа е напорна работа“, рече Џошуа.
JOSHUA CONFRONTS USYK AFTER DEFEAT pic.twitter.com/gUJ15SmkXI
— Sky Sports (@SkySports) August 21, 2022
Усик беше задоволен од борбата и извојуваната победа и јавно го предизвика Тајсон Фјури на нов спектакл во рингот. Доколку се случи таа борба, победникот би бил првиот неприкосновен шампион во тешка категорија на светот во 21 век, прв по Ленокс Луис.