Џошуа пак се повреди на спаринг меч, ќе излезе ли во рингот против Руиз?

Британската бокс ѕвезда Ентони Џошуа сериозно се повреди во дуел со неговиот спаринг партнер во подготовките за дуелот со Енди Руиз Jуниор. Откако Џои Давејко го испратил на подот шампионот на тренинг камп пред првата борба со Мексиканецот.

Албан Первизај, Том Литл, Дерек Чисора, Ендру Табити и Тимоти Мотен беа спаринг партнери на Џошуа во подготовките за големиот реванш во Саудиска Арабија на 8 декември.

Оваа информација е непотврдена и Џошуа треба да се огласи, бидејќи скоро доаѓа борбата со Руиз. Вонземирени се фановите и обложувалниците, но до овој момент нема информација која алудира на одложување на борбата.