Џошуа: Не сум повеќе млад, се ближи крајот на мојата кариера

Британскиот боксер Ентони Џошуа даде интересно интервју за „Скај Спортс“, во кое зборува дека веќе е во залезот на својата кариера. Двократниот светски првак кој ги држи и титулите во ВБА, ИБФ и ВБО, минатиот месец остана на тронот откако го победи Кубрат Пулев. 

Сепак, самиот Џошуа е свесен дека има 31 година и нема да може уште долго да боксува на исто ниво. 

„Ова не е старт на мојата кариера, напротив се ближи кон крајот. Не сум некој што мисли дека секогаш ќе биде исто како сега. Мораш однапред да планираш, а јас одам кој крајот на кариерата. Останаа уште пет години, еден олимписки циклус, малку повеќе можеби. 

Еден од најдобрите боксери во историјата следнава година го чека голема борба со ветеранот Тајсон Фјури, а интересно е дека уште сега зборува и го планира крајот на својата богата и успешна кариера.