Џошуа: Не го почитувам Ленокс Луис, тој е обичен кловн!

Откако легендарниот Ленокс Луис по поразот на Ентони Џошуа од Мексиканецот Енди Руиз Јуниор ја критикуваше неговата физичка издржливост, не се чекаше предолго на одговор од помладиот британски боксер. 

„Ленокс и јас сме од потполно друг материјал, тој е обичен кловн“ изјави Џошуа.

29-годишниот Џошуа го очекува реванш со Руиз на седми декември годинава во Саудиска Арабија, додека приказната за борба со Вајлдер моментно е во втор план.

„Постои љубомора заради тоа што го критикував и одеднаш станав хејтер“, се огласи Луис.

Ленокс Луис со години е стручен коментатор на британската телевизија која ги откупи правата за емитување на боксерските спектакли.