Џошуа: На Пулев и Фјури ќе им покажам како се бори човек што изгубил сè, а потоа...

Британскиот боксер Ентони Џошуа призна дека се радува на потенцијалната борба со својот сонародни Тајсон Фјури, која може да промени многу нешта во боксерскиот свет. 

Фјури е шампион во ВБЦ категоријата, додека Џошуа е сопственик на титулите во категориите ИМФ, ВБА, ВБО и ИБО. Преговорите за борбата меѓу двајцата британски боксери веќе започнаа, но засега нема конкретен датум кога би се одржал овој спектакл. 

„Тука сум за да освојам нешто историско. Гладен сум и мотивиран. На крај, Фјури е само уште еден од низата мои ривали. Тоа ќе биде голема борба, но јас морам да бидам концетриран и на Фјури да гледам како на уште еден ривал. Секако се радувам на таа борба, ќе биде спектакл. 

Знам какво е чувството да се биде на врвот, но знам како е и да се изгуби сè. Кога ќе излезам во ринг со Пулев или со Фјури, ќе им покажам како се бори човек што изгуби сè, а потоа си врати сè“, вели Џошуа.

Ентони Џошуа важи за еден од најдобрите светски боксери во овој момент, а неговата упорност ја докажа против Енди Руиз, против кого прво го загуби шампионскиот појанс, но потоа го врати во своите витрини.