• Зоран Мишевски

Британецот Ентони Џошуа ја врати титулата светски првак во бокс во тешка категорија во ИВФ, ИБО, ВБО и ВБА верзијата. Во дуел од 12 рунди во Ријад (Саудиска Арабија), Џошуа на поени го совлада Руиз и му се реваншира за поразот во првата борба.
Џошуа до триумфот дојде по целосна тактичка доминација, иако борбата не беше фајтерска и спектакуларна. Уште на стартот страдаше аркадата на Руиз, а во четвртата рунда Мексиканецот беше пред капитулација.
A determined Anthony Joshua crushed Andy Ruiz with that Jab. WTF #RuizJoshua2 pic.twitter.com/xfIhdnl37G
— God'spower (@Godspower__) December 7, 2019
Во тактичка борба рунда по рунда, Џошуа го скрши противникот и си ги врати титулите. Руиз по завршувањето на борбата посака трет меч, со оглед на тоа што сега нивниот меѓусебен скор е израмнет. Сепак, светот на благородната вештина очекува борба меѓу Џошуа и Вајлдер или Фјури, кои во 2020 година веројатно ќе ги вкрстат ракавиците.