ВИДЕО: Џошуа моќно кршеше прозорци од излог, со само еден удар!

Антони Џошуа, шампионот во ИБФ и ВБА, зеде учество во промоцијата на локал на својот спонзор „Андер Армор“ и на интересен начин реши да ја покаже својата моќ.

Човекот кој последен пат во рингот беше со Карлос Такам учествуваше при отворање на еден локал на компанијата, а својата моќ ја покажа откако со два удари скрши два прозорци од излогот.

„Понекогаш, се што ти треба е само еден удар“, напиша Џошуа на социјалната мрежа „Инстаграм“ и го сподели видеото како го демолира излогот.

Џошуа бара нов противник во рингот, откако неговата борба со Дионтеј Вајлдер е откажана во последен момент.