Џошуа: Лесно ќе ги згазам и Кубрат Пулев и Тајсон Фјури!

Британците повторно доминираа во светот на боксот, а фановите нестрпливо чекаат можен дуел на Тајсон Фјури и Ентони Џошуа. Носителот на четирите појаси во тешка категорија прво мора да го совлада Кубрат Пулев, па потоа да го предизвика „циганскиот крал“.

Џошуа и Пулев требаше да ги вкрстат ракавиците на 20 јуни, но пандемијата со коронавирусот го помести дуелот еден месец подоцна. Фјури по третпат ќе се соочи со Вајлдер, па ако двајцата Британци победат, дуелот во ринг ќе биде закажан за февруари идната година.

„Максимално се подготвувам да се соочам со Тајсон Фјури. Прво ќе го згазам Кубрат Пулев, а потоа истото го чека и Тајсон“, рече Џошуа.

Се очекува британскиот дуел за титулата да го сруши и рекордот на премии за еден бокс меч во новиот милениум. 

Во боксерски меч за светската титула во ВБЦ верзијата пред два месеци во Лас Вегас, Тајсон Фјури го совлада Дионтеј Вајлдер со технички нокаут во седмата рунда. За 31-годишниот Фјури тоа беше 30-та победа на 31-от меч, додека 34-годишниот Вајлдер во текот на кариерата оствари 42 победи во 44 борби.