Џошуа: Ќе се поздравам со Руиз, па ќе му ја откинам главата!

Светот на боксот е во очекување на големиот дуел за светска тутула меѓи Ентони Џошуа и Енди Руиз.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, зборуваше на денешното мерење во Ријад упати заканувачки зборови за ривалот.

„Ми недостасуваат шампионските појаси. Ќе се поздравам со Руиз пред борбата, но веднаш штом ќе се огласи почетниот гонг, ќе му ја откинам главата“, кратко најави Џошуа.

Руиз тежи 128,3 килограми, додека Џошуа 107.5 килограми. 

Во првата борба меѓу Џошуа и Руиз во јуни 2019 година, Џошуа неочекувано загуби и ги предаде титулите во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО верзиите.