Џошуа ќе се откаже од милионите само за да се бори со Фјури

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури требаше да понудат боксерски спектакл, меѓутоа не дојде до истиот поради пандемијата во светот поради коронавирусот.

Џошуа е сопственик на четири од петте појаси во тешка категорија, а оној што му недостасува е во сопственост на Фјури. Боксерот истакна дека е подготвен да се откаже од милионите и да се бори без публика.

„Ако може да се осигура борба со Тајсон Фјури јас сум подготвен да се борам дури и без публика. Ако борбата не се одржи во брзо време, не верувам дека Фјури ќе биде истиот кога ќе дојде вистинскиот момент. Оваа прилика мораме да ја искористиме“, изјави Џошуа.

Засега од продажбата на влезници се заработени нешто околу 15 милиони долари, а Џошуа од нив треба да добие околу осум, но подготвен е да се откаже од нив само за да се бори за посакуваниот појас.